„Аморим не разбира што прави, околу него е вистински хаос“

by Стефан
1 минути читање

Ветераот Мика Ричардс кој денес работи како стручен коментатор за случувањата во англискиот фудбал смета дека Рубен Аморим со своите изјави во јавноста само си ја отежнува работата.

Манчестер јунајтед беше поразен од Тотнем со 1:0 за викендот и по овој пораз „црвените ѓаволи“ паднаа на очајното 15-то место на табелата. Поразот од Тотнем за нив бепше 12ти во сезоната и тоа е најмногу во една сезона за Манчестер јунајтед во последните 30 години.

По натпреварот Аморим се пожали дека неговата работа е тешка потенцирајќи ги проблемите со повреди.

„Кога кажа дека ова е најлошиот тим на Манчестер јунајтед во историјата, не сфаќа дека што и да каже друго тоа ќе биде насловот на неговата изјава. Ако не му се допаѓа некој играч, тоа е негова одлука. Но, се друго што прави само му ја отежнува работата. Мислам дека не знае што прави бидејќи е хаос околу него.“, изјави Ричардс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×