117
Португалскиот стратег, Рубен Аморим вели дека не потпишал со Манчестер јунајтед за пари, туку затоа што сака да го води тој клуб.
Аморим веќе беше во Манчестер јунајтед и добро го познава клубот. Кога требаше да оди на пракса за добивање на про-лиценца, беше токму на Олд Трафорд под менторство на Жозе Мурињо.
По неколку години Аморим се враќа во Манчестер јунајтед, но овојпат како прв тренер.
„Некоу луѓе влат дека одам во Манчестер јунајтед за пари, но не е така. Други клубови беа подготвени да платат трипати повеќе и јас одбив. Ова е клубот кој го сакам, Манчестер јунајтед“, рече Аморим.