Работата на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед не му тргна според посакувањата, португалскиот тренер беше навикнат на победи во Спортинг, но во англискиот тим не му оди ни слично.
По девет одиграни натпревари со Манчестер јунајтед, Аморим има четири победи, четири порази и едно реми со гол разлика 17-17.
„Не ми е гајле за Божиќ. Фокусиран сум само на тоа дека мораме да победиме на следниот натпревар. Тоа е единствено нешто што не интересира. Ова е одлично за навивачите. Ние сме привилегирани и можеме да играме на „Боксинг деј“ за да донесеме малку среќа на навивачите и затоа уште повеќе сакаме да победиме“, порача Аморим.
На последните четири натпревари Манчестер јунајтед има три порази, па Аморим сака да го промени тој тренд.