Манчестер јунајтед попладнево соопшти дека Руд ван Нистелрој го напуштил клубот, новиот тренер Рубен Аморим не ги послуша советите да го задржи Холанѓанецот како дел од тренерскиот персонал.
Руд ван Нистелрој минатото лето се врати на Олд Трафорд како прв помошник, и по отказот на Ерик тен Хаг, доби шанса на привремена основа да го предводи Манчестер јунајтед.
Тој забележа сосема солидни резултати, три победи и едно реми со гол разлика од 11-3, па доби поддршка од навивачите и легендите на клубот, кои бараа и го советуваа Рубен Аморим да го задржи Ван Нистелрој.
Сепак, попладнево Манчестер јунајтед соопшти дека Холанѓанецот го напуштил клубот.
Рубен Аморим има луѓе од доверба за тренерски персонал со кого работеше и во Спортинг, па сака со нив да соработува и на Олд Трафорд.
Ruud van Nistelrooy and three first-team coaches have departed the club with our best wishes for the future.
Thank you for your unwavering commitment to United ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 11, 2024