1,2K
Манчестер Јунајтед тргна во преговори со Спортинг, а секако станува збор за Виктор Ѓокереш.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 70 милиони евра за шведскиот голгетер. Ѓокереш игра на врвно ниво и „решета“ каде ќе стигне, па интересот за него е огромен.
Сепак, токму поради тоа и Спортинг не е подготвен лесно да се ослободи од него, па барањата на Португалците се 95 милиони евра.
Шведскиот напаѓач кој беше најдобар на својата позиција во 2024 година е на мета на многу европски гиганти, па останува да видиме каде ќе заврши. Иако при доаѓањето во Јунајтед беше кажано од страна на Рубен Аморим дека нема да му краде играчи на поранешниот клуб, веднаш може да биде погазен зборот.