Манчестер јунајтед повторно е наоѓа во тешка криза и со доаѓањето на Рубен Аморим на клупата работите не се променија премногу, екипата по 19 одиграни кола се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со 22 бода.
Покрај резултатите разочарување за навивачите носат и изјавите на португалскиот стратег.
Во овој момент „црвените ѓаволи“ имаат седум бода повеќе од Ипсвич кој во опасната зона и по поразот од Њукасл Аморим зборуваше дека реалност може да биде битката за опстанок, а сега тоа го повтори и пред дуелот со Ливерпул.
„Мораме да бидеме искрени кон нашите навивачи. Манчестер јунајтед грчевито ќе се бори за опстанок. Тука има и мои грешки, бидејќи екипата не напредува откако дојдов. Поточно изгубена е и не е лесно да се води овој тим во овој момент. Мислам дека луѓето се уморни од извинувања и сакаат резултати“, изјави Аморим.
Последен пат Манчестер јунајтед испаднал од Премиер лигата во сезоната 1973/1974. Во таа сезона тимот освои 32 бода и заврши на 21 место од 22 екипи.