Стратегот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим веќе се поврзува со нов клуб, иако и понатаму ги предводи „црвените ѓаволи“ каде што има резултати далеку под очекувањата.
Имено, на 25 октомври во Бенфика ќе се одржат избори за нов претстадел, а фаворитот за оваа функција Жоао Нороња Лопез вети дека Аморим еден ден ќе ја води Бенфика.
„Рубен Аморим сега е тренер на Манчестер јунајтед, но едно знам, сигурно еден ден ќе ја води Бенфика“, изјави Лопез.
Инаку, Лопез викендов присустуваше во Манчестер каде што го гледаше градското дерби помеѓу Сити и Јунајтед.
Аморим во Бенфика е добро познато лице бидејќи во својата кариера како фудбалер, таму помина девет сезони (2008-2017).
Ќе потсетиме, во Манчестер јунајтед дојде од редовите на Спортинг.