Според дел од шпанските медиуми, новиот тренер Чаби Алонсо не му дава доволно простор на Феде Валверде, а Уругваецот неоадмна дури и јавно се огласи по шпекулациите за наводни недоразбирања.
„По една недела во која се кажа сè и сешто, морам да истакнам дека сме пообединети од кога било. Работам напорно за да се вратам на највисоко ниво. Тренерот секогаш бил на моја страна, ме поддржувал и правел сè за да бидам подобар,“ изјави Валверде.
И покрај неговото појаснување, гласините за можен трансфер не престануваат.
Англиските медиуми повторно го поврзуваат со Манчестер јунајтед „Мирор“ денеска објави дека Валверде не е задоволен од начинот на кој Алонсо го води тимот и дека, иако има договор до 2029 година, би сакал да замине веќе ова лето. Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, наводно е голем обожавател на Уругваецот и би сакал да соработува со него на „Олд Трафорд“. Сепак, и неговата цена е висока.
Реал Мадрид го проценува Валверде на околу 100 милиони фунти, додека Јунајтед би платил најмногу 70 милиони. Разликата е голема, па останува да се види дали двете страни можат да најдат заеднички јазик.