Аморим и Манчестер јунајтед ќе прават чистка, се очекува летоска да си заминат 10 фудбалери

by bojan
1 минути читање
Аморим

Според пишувањата на Манчестер Ивнинг Њус, „ѓаволите“ ќе прават чистка летоска и се очекува барем 10 фудбалери да заминат од Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед има разочарувачка сезона, еден од најлошите во последно време, па ќе има големи промени во составот.

Како што пренесува Манчестер Ивнинг Њус, се очекува барем 10 фудбалери летоска да заминат од Олд Трафорд.

Ветераните Џони Еванс и Том Хитон најверојатно ќе стават крај на кариерата, додека пак на Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф ќе им биде дозволено да заминат како слободни играчи.

На продажба ќе одат Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони и Касемиро и со парите добиени од овие зделки ќе се засилува тимот, еден од главните приоритети ќе биде докажан голгетер.

На излезна врата можат да се најдат и играчи како голманот Алтај Бајиндир и левиот бек Тајлер Маласија, кој во моментов е позајмен на ПСВ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани