Аморим го прецрта Онана – нема да брани против Њукасл!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, се наоѓа во серија на слаби настапи и контроверзии во последните недели.

Сѐ започна со неговите потценувачки изјави за Лион пред нивниот дуел во Лига Европа, што предизвика реакции, меѓу кои и онаа на поранешниот фудбалер на Јунајтед, Немања Матиќ. Србинот жестоко го критикуваше Онана, нарекувајќи го „најлош голман во историјата на клубот“. Ситуацијата дополнително се влоши кога Онана прими два гола од Лион, при што беше директно виновен за двата.

Според англиските медиуми, менаџерот Рубен Аморим донел одлука да го изостави Онана од составот за претстојниот натпревар против Њукасл, кој се игра во недела од 17:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани