1,2K
Интересни шпекулации се појавија на „чизмата“, непосредно откако Маркус Рашфорд беше исфрлен од првиот тим на Манчестер Јунајтед.
Тренерот Рубен Аморим не е задоволен од настапите на англиското крило, а поради тоа почнаа најавите за заминување на Рашфорд уште во јануари. Италијанците најавуват дека крилниот напаѓач би можел да замине и на позајмица, а еден од кандидатите за потпис е калчо-првакот Интер.
Се работи за шпекулации, меѓутоа Рашфорд можеби и добро би се снашол во италијанскиот фудбал гледајќи ги неговите предиспозиции.