Аморим го бара „кртот“ во соблекувалната, веќе испрашувал две ѕвезди на Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека „ѓаволите“ отвориле истрага откако протекоа информации од соблекувалната и предвреме беше објавен стартниот состав за дерби пресметката против Манчестер Сити.

По победата на Манчестер јунајтед над Манчестер Сити во лутото градско дерби, во фокусот е „кртот“ во соблекувалната на „ѓаволите“.

Стартниот состав на Манчестер јунајтед за гостувањето на Етихад беше споделен уште во саботата вечерта, и беше најавено дека Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо нема да бидам дел од тимот.

И кога Рубен Аморим го објави изборот околу 16:30 во недела, тимот изгледаше точно онака како што претходно се пишуваше на социјалните мрежи.

Ова не му се допадна на Португалецот, па Манчестер јунајтед отворил истрага и бара кој издава тајни од соблекувалната.

Како што пренесува Сан, Рубен Аморим веќе разговарал со двајца фудбалери – Амад Диало и Алехандро Гарначо.

Двајцата сепак негирале инволвираност, а Рубен Аморим бил задоволен од одговорите кои ги добил.

Сан додава дека и во минатото Гарначо бил под лупа, односно неговиот брат Роберто, со оглед на тоа дека стартниот состав често протекувал кога Аргентинецот не бил дел од почетните 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани