„Аморим е подготвен ако треба и да загине за Јунајтед“

by 24 фудбал
1 минути читање

Патрис Евра јавно го брани Рубен Аморим во период кога менаџерот на Манчестер Јунајтед трпи сериозни критики поради формата што сериозно варира од натпревар до натпревар. Поранешниот лев бек на „црвените ѓаволи“ смета дека притисокот кон Португалецот е неправеден и дека вистинскиот проблем е во составот, а не во клупата.

Евра нагласува дека целосно му верува на Аморим и дека токму неговиот пристап е различен од некои од тренерите што претходно го водеа клубот. Според легендата на Јунајтед, Португалецот работи искрено и секогаш со интерес на клубот.

Му верувам, дури и во тешки времиња. Во моментов, тој е некој што би загинал за клубот. Тој е човек кој го става клубот на прво место, а не себе си, за разлика на некои претходни тренери. Можеби му недостасуваат играчи. Искрено, гледањето на Јунајтед е како играње рулет. Никогаш не знаете што ќе добиете. Тие може да поведат за едната минута, а веќе следната да губат. Никогаш не може да го предвидите мечот на Јунајтед“ изјави Евра.

Французинот оцени дека тимот е непредвидлив и дека во вакви услови секој менаџер би имал тешка задача, па затоа порача дека Аморим заслужува поголема поддршка и трпение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×