Рубен Аморим уште еднаш потенцираше дека Маркус Рашфорд не е во составот бидејќи не се залага доволно на тренинзите.
Преодниот рок се доближува до крајот, а Маркус Рашфорд се уште е во Манчестер јунајтед. Напаѓачот не е во составот на тимот, за разлика од Гарначо за кој исто така има шпекулации за заминување, но Аргентинецот е во стартниот состав.
Аморим вели дека причината поради која Рашфорд не е во составот е неговото залагање на тренинзите.
„Секогаш е истата причина што го нема – тренингот бидејќи тука гледам што прави фудбалер. Секој детаљ е битен, ако тука работите не се сменат, тогаш ни јас не го менувам своето мислење. За сите фудбалери е така, ако даваат максимум и се трудат, тогаш можам да сметам на нив. Попрво ќе го ставам во тимот тренерот на голманите Витал, отколку играч кој не дава максимум секој ден“, рече Аморим.
Жорге Витал е 63-годишен тренер на голманите, а во Манчестер Јунајтед дојде од Спортинг Лисабон, заедно со Аморим, во ноември минатата година.