Аморим брутален: Овој Манчестер јунајтед не е за во Европа!

by bojan
1 минути читање
Аморим

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим вели дека овој тим на „ѓаволите“ нема капацитет за настап во Европа, односно фудбал на секој три дена.

Минатата сезона, Манчестер јунајтед финишираше на позицијата број 15, загуби и од Тотнем во финалето на Лига Европа, па само по втор пат во својата историја нема да игра во Европа.

Лошиот пласман на табелата значи дека „ѓаволите“ ќе почнат во Лига Купот веќе во второто коло, каде утре ќе се сретнат со четвртолигашот Гримсби, со кого ќе ги одмерат силите за прв пат по 1948 година.

Но Рубен Аморим не е загрижен премногу, тој верува дека овој Манчестер јунајтед нема капацитет на врвно ниво да игра во Европа и Премиерлигата, па ќе има бенефит од тоа што нема да се игра фудбал на секој три дена.

„Не сме подготвени за настап во Европа. Да се одигра на врвно ниво во Лигата на шампиони и во Премиерлига потребно ни е време за да се развиеме како тим“ – вели предводникот на клубот од Олд Трафорд.

„Потребно ни е време да се подготвиме за секој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×