Американците смислија план како повеќе да заработат – од паркингот за Мундијалот!

by Стефан
1 минути читање

ФИФА очекува рекордна заработка од Светското првенство во 2026 година што и не е изненадување ако се знае дека на Мундијалот ќе настапат дури 48 репрезентации. Но, Американците пронашле нов начин како дополнително да профитираат, и тоа од нешто што досега речиси и не се спомнуваше, паркингот.

Како што пренесува „Атлетик“, домаќините одлучиле на продажбата на паркинг-места да заработат милиони долари, бидејќи нивната цена ќе биде повисока дури и од влезниците за некои од претходните светски првенства.

Светското првенство 2026 ќе се игра во САД, Мексико и Канада, во вкупно 16 градови. За пет од нив веќе се познати цените за паркинг, кои се движат од 75 до дури 175 долари по натпревар.

На стадионите „во Мајами, Канзас Сити, Фоксборо и Арлингтон), цените се поставени на 75 долари за натпреварите од групната фаза и осминафиналето, 100 долари за осминафинале, 145 за четвртфинале, а за полуфинале или меч за третото место дури 175 долари.

Во Филаделфија цените се уште повисоки, 115 долари за групна фаза и 145 долари за осминафинале. Сè уште не се објавени тарифите за стадионите во Атланта, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј, Ванкувер, Хјустон, Торонто и Ист Ратерфорд, каде што ќе се игра и големото финале.

За споредба, паркинг-место за 75 долари на мундијалот во 2026 ќе биде поскапо од влезница од трета категорија за групна фаза во Катар 2022, која чинеше 69 долари.

ФИФА, според проценките, од Светското првенство во 2026 година очекува заработка поголема од 13 милијарди долари, најмногу досега во исторјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×