Атлетико Мадрид би можел да добие нови сопственици, јавуваат шпанските медиуми. Според „Експансион“, управата на клубот е во завршни преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менџмент“ кој е подготвен да стане нов мнозински акционер. Вредноста на клубот е проценета на околу 2,5 милијарди евра.
Моментално, повеќе од 70 проценти од акциите се во сопственост на „Атлетико Холдко“, компанија со која раководи Мигел Анхел Гил, а дел од уделот имаат и „Арес Менџмент“ и претседателот Енрике Серезо. Преостанатиот пакет е во сопственост на „Квантум Пацифик“ на израелскиот бизнисмен Идан Офер.
„Аполо“ управува со имот од над 800 милијарди долари и веќе има планови за создавање спортски фонд вреден пет милијарди. Се наведува дека евентуалната промена на сопственичката структура нема да донесе промени во раководството на клубот.
Доколку договорот се реализира, Атлетико ќе стане највредниот приватен клуб во Шпанија, за разлика од Реал Мадрид и Барселона кои остануваат во сопственост на своите членови.