Легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо има амбициозен план, сака да стане претседател на Фудбалската федерација на Бразил и за селектор на „кариоките“ да го донесе Пеп Гвардиола.
По неуспехот на мундијалот во Катар, Тите си поднесе оставка а Бразил го пикираше Карло Анчелоти како нов селектор.
„Кариoките“ не успеаја во оваа намера, па Рамон Менезеш и Фернандо Диниз на привремена основа ја водеа репрезентацијата на Бразил, за на крајот доверба да добие Доривал Жуниор.
Но последните информации говорат за амбициозен план, легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо сака да стане нов претседател на Фудбалската федерација на Бразил, и за нов селектор да го назначи Пеп Гвардиола.
Идејата е Бразил со најдобриот тренер на денешницата да го брка трофејот на Светското првенство во 2026.
Пеп Гвардиола е под договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година и се почесто се говори дека тој ќе си бара нова авантура.