Алжир го освои КАН по 29 години, до втората титула стигна со чуден гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По 1990 година,
Алжир се радува на нов триумф на Купот на Африкански нации. Вечерва во финалето
против Сенегал, избраниците на Белмади славеа со 1-0.

Единствениог гол
на мечот падна уште во втората минута. Бунеџах биеше од далечина, топката
незгодно се одби од еден дефанзивец, полета високо и падна точно под пречката. Голманот
на Сенегал веројатно тешко можеше да одбрани, но неговата реакција беше несфатлива
со оглед на тоа дека остана вкопан во место и неколку секунди гледаше како
топката се движи наместо да се обиде да интервенира.

Сенегал потоа цел
натпревар се обидуваше да стигне до изедначување, имаше и неколку спорни
ситуации кои беа прегледувани со ВАР, но нов гол не падна па Алжир по 29 години
одново е шампион на Африка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×