Утре на Стадионот „Милениум“ во Кардиф, Јувентус и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во финалето од
најелитното европско натпреварување.
Дани Алвеш долги години играше во Барселона, па многумина веруваат дека овој дуел за него ќе биде посебен.
Бразилецот не се сложува со ваквата констатација, но не пропушти да упати провокација до противникот велејќи дека Реал Мадрид во 1998 станал шампион со гол од офасајд.
„Нема да биде
Алвеш против Реал Мадрид” – вели десниот бек на денешната прес конференција. „Се работи за дуел помеѓу Јувенту и Реал, два големи клуба со квалитетни фудбалери”.
„Но кога овие два противника за последен пат се сретнаа во финалето, Реал стана шампион со гол од
офсајд, па можеби Јуве сега ќе има посебен мотив”.