Десниот бек минатото лето реши да ја активира клаузулата за раскин на договорот
со Барселона и како слободен играч потпиша за Јувентус.
Тој сега ќе има
прилика да се сретне со својот поранешен клуб во рамките на четвртфиналето од
Лигата на Шампионите.
„Италијанското
првенство е различно, но во исто време и предизвикувачко” – вели Дани Алвеш во разговор со
УЕФА.
„Во прв момент ми
беше малку чудно, но предизвиците секогаш ме мотивирале, и затоа донесов одлука
да ја променам средината”.
„Исто така, во
последните неколку години не се чуствував толку комфорно во Барселона. Се
променија одредени работи, и ми се чинеше дека јас постојано бев на удар”.
„Ми здосади да
слушам како велат „Дани е тој што мора да замине“. Па решив да тргнам по друг
пат и да си ја побарам среќата на друго место”.
„Сигурен сум дека
им недостасувам! Не само што ме ценеа како професионалец, како фудбалер, туку и
како личност која правеше пријатна атмосфера, секој натпревар беше уникатен. Со
нов танц, нова музика… Донесов забава во соблекувалната”.
„Разговарав со
нив и ми кажаа дека токму ова им недостасува најмногу, радоста и среќата која ја
ширев”.