107
Нејмар е еден од фудбалерите кои најемотивно ги прифаќаат поразите, па не беше поразличен ниту вчера кога Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите од Јувентус.
Нејмар беше облеан во солзи, а Дани Алвеш беше фудбалерот кој го тешеше.
„Му реков дека ова е фудбал, и едноставно се случуваат вакви работи“ – открива Алвеш.
„Претходно веќе му имав кажано дека не сакам да се сретнам со Барселона поради се тоа што го имавме заедно, но таков е фудбалот и чувствата треба да ги елиминирате“.
„Сите ги бранат боите на својот клуб и Нејмар не треба да биде тажен. Ова е само пораз, треба да продолжи понатаму“.