273
Фудбалерите на Атлетико Мадрид минимално ја совладаа Осасуна со 1-0 (0-0) во натпревар од 19. коло на Ла Лига.
Одлично одиграа избраниците на Диего Симеоне, постигнаа гол по само седум минути игра, меѓутоа погодокот на Гризман беше поништен поради игра со рака. Се обидуваше Атлетико во првиот дел безуспешно и на пауза се замина со 0-0.
Во второто полувреме Хулиан Алварез во 55. минута по асистенција од Ленгле го постигна единствениот погодок на натпреварот (1-0).
Ова беше 14. последователна победа на Атлетико во сите натпреварувања, што претставува клупски рекорд. Во тие натпревари тимот постигна 35 погодоци, прими само осум и на осум натпревари сочува чиста мрежа.