Реал Мадрид е подготвен повторно да започне преговори со Винисиус за продолжување на актуелниот договор, кој на Бразилецот му истекува во 2027 година, и тоа само неколку дена по заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на „кралевскиот клуб“.
Според информациите на шпанските медиуми Реал Мадрид нема да си дозволи да Винисиус да замине како слободен играч, но ако соработката набрзо не биде продолжена би можеле да се одлучат да го продадат Бразилецот.
Како што е познато, 25-годишниот крилен напаѓач и натаму привлекува голем интерес од Саудската Арабија од каде што немаат намера да штедат, ако напаѓачот изрази желба да ја продолжи кариерата во оваа земја.
Претходно се шпекулираше дека до фудбалерот била доставена понуда вредна една милијарда евра.