Алонсо веќе има договор со гигант од Премиер лигата, а може да се поништи само во една ситуација

by Стефан
1 минути читање

Чаби Алонсо според информациите на дел од шпанските медиуми веќе има постигнато вербален договор со Ливерпул.

Тренерот на „црвените“, Арне Слот, во ноември и декември се најде под сериозен притисок поради слабите резултати, а кога се појави информацијата дека Чаби Алонсо е слободен по заминувањето од Реал Мадрид, веднаш започнаа шпекулации за негово можно враќање на „Енфилд“.

Во меѓувреме ситуацијата донекаде се смири, бидејќи холандскиот стратег успеа да ја стабилизира екипата и да запише неколку позитивни резултати. Сепак, тие засега не ги задоволуваат амбициите на клубот, особено во Премиер лигата каде што Ливерпул моментално се наоѓа на шестата позиција. Во ФА Купот стигнаа до четвртфиналето, додека во Лигата на шампионите директно обезбедија место во осминафиналето каде што ќе се соочат со Галатасарај.

Според информациите, токму настапот во Лигата на шампионите ќе биде пресуден за иднината на Слот. Раководството на клубот наводно му порачало на Алонсо да почека до крајот на сезоната, кога ќе се направи детална анализа на постигнатите резултати.

Практично, холандскиот тренер би можел да ја задржи својата позиција само доколку успее да ја освои Лигата на шампионите. Во спротивно, Чаби Алонсо би требало да потпише тригодишен договор со англискиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×