248
Чаби Алонсо го испофали Феде Валверде по вчерашниот натпревар против Јувентус во кој уругвајскиот фудбалер ја доби наградата за играч на мечот.
Валверде во изминатите години се промовираше како еден од најзначајните фудбалери на Реал Мадрид, а таков ќе биде и во составот на Чаби Алонсо.
„Феде Валверде ми го прави животот многу полесен. Тој едноставно е неверојатен“, вели Алонсо.
„Валверде е толку комплетен… со топката, без топката, во неговото лидерство на теренот, тој топ фудбалер“.