Aлонсо нема дилеми: Реал Мадрид добива засилување вредно 65 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Пред Нико Паз се шест исклучително важни и возбудливи месеци. Периодот од почетокот на 2025 до влезот во 2026 година ќе биде пресуден за аргентинскиот играч за врска, кој влегува во завршната фаза од настапите за Комо пред враќањето во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е цврсто одлучен да го врати фудбалерот во јуни и не разгледува други опции, пренесува „АС“.

Но, пред тој камбек, Нико ќе ја затвори 2025 година со саботниот дуел против Лече, по што следува вистински мини-маратон. Комо ќе се соочи со Удинезе на 3 јануари, а само три дена подоцна и со Пиза, што значи натпревари на секои три дена и исклучително напорен распоред. Токму ваквиот предизвик е дополнителна мотивација за 21-годишниот фудбалер, кој во преостанатите шест месеци мора да го задржи виското ниво.

Тоа е важно не само за да ја оправда довербата на раководството на Реал Мадрид, туку и поради целта за настап на Светското првенство. Иако моментно се наоѓа на поширокиот список на селекторот Лионел Скалони, местото во репрезентацијата не му е загарантирано и ќе мора да се избори за него.

Од дебито за сениорската репрезентација на Аргентина во октомври 2024 година, Паз трпеливо го гради својот пат. Во почетниот состав се најде само двапати, против Чиле на 6 јуни во квалификациите за СП, кога одигра 57 минути, како и на пријателскиот меч со Венецуела на 11 октомври, кој воедно беше и негов прв натпревар за „гаучосите“ во кој одигра 90 минути. Напредокот е очигледен, но отсуството од ноемврискиот циклус значи дека за Нико ништо не е сигурно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×