288
Гласни се шпекулациите дека Родриго ќе биде продаден ова лето, но уште не се случува ништо конкретно, во меѓувреме тој многу ретко добива шанса во тимот на Реал Мадрид.
Синоќа Реал Мадрид ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, ја победи Осасуна со 1-0, а Родриго од клупата го гледаше натпреварот.
„Родриго? Ништо не се случува. Сметам на Родриго, се разбира. Ова е само еден натпревар. Одлуката беше моја“, рече Чаби Алонсо по натпреварот.
Откако Чаби Алонсо е тренер на Реал Мадрид, Родриго во просек има 15 минути по натпревар.