Алонсо: Не можам да го сменам тимот за четири дена!

by 24 фудбал
1 минути читање

Синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ал-Хилал го означи дебието на Чаби Алонсо како нов тренер на „кралевите“, но впечатокот по последниот свиреж не беше ни блиску до очекувањата што самиот ги наметна.

Алонсо во најавите зборуваше за „атомски фудбал“ и висок пресинг, но на теренот неговиот Реал изгледаше далеку од таа визија. Во првиот дел шпанскиот гигант изгледаше безидејно и немоќно, дури и беше надигран од Ал-Хилал. Во продолжението дојде до благо будење, но не и до победа ни пеналот во судиското продолжение не донесе три бода.

Првото полувреме ни недостигаа многу работи. Но, јасно ми е – ова е само почеток. Никој не може да очекува дека ќе функционира совршено од првиот ден. Овие играчи четири години беа со еден тренер, не се менуваат навики за четири дена“, изјави Алонсо по мечот.

Сепак, стратегот најде и нешто позитивно во ремито.

Ме радува реакцијата по паузата, имавме поголема контрола и покажавме подобро лице. Но, ова е процес кој бара време“, додаде шпанскиот стручњак.

Неговото деби на Светското клупско првенство заврши без победа, но со јасна порака – трансформацијата на Реал ќе оди чекор по чекор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×