150
Дел од шпанските медиуми
пренесуваат дека Атлетико Мадрид подготвуваат интересна понуда за левиот бек на
Челси, Маркос Алонсо во јануари.
Шпанецот беше еден од „виновниците“
за освојување на титулата во англиската Премиерлига ланската сезона под
кормилото на Антонио Конте, овој пат се споменува дека тој би можел да се врати
онаму од каде што потекнува, во Мадрид.

Како и да е, од друга
страна пак Челси би можел да се обиде да го добие Белгиецот Јаник Караско во
оваа ситуација, па на Островот пишуваат дека нема да биде изненадување ако во
јануари дојде до трампа помеѓу Челси и Атлетико Мадрид.