Aлонсо можел многу брзо да се врати на работа и тоа во – Премиер лигата!?

by Стефан
1 минути читање

Чаби Алонсо пред неколку дена доби отказ во Реал Мадрид, но како што стојат работите шпанскиот стратег многу брзо би можел да се врати на тренерската работа и тоа во Премиер лигата.

Според тврдењата на англиските медиуми, наводно Алонсо е прв фаворит за преземање на Тотнем, каде што актуелниот менаџер Томас Франк би можел наскоро да добие отказ.

Во игра за клупата на лондонскиот клуб, покрај Чаби Алонсо, се и Марко Силва од Фулам, како и Енцо Мареска, кој неодамна доби отказ во Челси. Како опција се споменува и Маурисио Покетино, кој веќе работеше во Тотнем и моментно е селектор на репрезентацијата на САД.

За време на својот мандат во Реал Мадрид, Алонсо оствари процент на победи од 70,59 отсто, со 24 победи на 34 натпревари, шест порази и четири нерешени средби.

Ќе потсетиме, Алонсо во Реал го наследи Алваро Арбелоа за кого се очекува да остане тренер на „кралевите“ до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×