Алонсо има желба, Реал тргна по стоперот на Ливерпул

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид тргна во офанзива за засилување во одбраната и сериозно го „мерка“ Ибрахим Конате од редовите на Ливерпул.

Иако првично се веруваше дека трансферот би можел да се реализира по завршувањето на следната сезона кога истекува договорот на стоперот, сепак „кралевите“ не сакаат да чекаат и го забрзаа процесот.

Чаби Алонсо го гледа Французинот како идеално решение за дефанзивната линија, па побарал негов ангажман уште во овој преоден рок. Затоа мадридскиот гигант веќе стапил во контакт со Ливерпул.

Според информациите на „Л’Екип“, разговорите се во напредна фаза, а во следните денови треба да стане појасно дали Конате ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ уште ова лето.

Фото: Liverpool FC/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×