Челси славеше
минимална победа од 1-0 во дуелот против Њукасл на домашен терен, а со тоа
продолжија одличните резултати на тимот предводен од Френк Лампард кој сега со
17 бода е израмнет со Лестер на второто место на табелата во Премиерлигата.
Единствениот гол
во победата на Челси го постигна Алонсо во 73. минута, по асистенцијата на
Хадсон-Одои.
Лестер исто така
игра во одлична форма, а Барнли иако прв поведе на пресметката која се одигра
на „Кинг Пауер“, сепак „Лисиците“ беа тие кои славеа на крајот од мечот и тоа
со 2-1.
Најнапред Вуд во
26. минута донесе водство за Барнли од 0-1, израмни Варди во финишот од првиот
дел, а во вториот Тиелеманс со гол во 74. минута донесе вредни три бода за
тимот на Брендон Роџерс.
Од останатите
средби, бележиме две победи на домаќините и едно изненадување, Борнмут одигра
реми без голови против Норич, Тотнем ремизираше со 1-1 против Ватфорд, а Астон
Вила славеше над Брајтон со 2-1.
Со почеток од
18,30 часот се среќаваат Кристал Палас и Манчестер Сити, утре играат Манчестер
јунајтед и Ливерпул, а колото ќе се комплетира со дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед
и Арсенал во понеделник.