Алонсо добил уште една шанса – мечот со Алавес!

by riste
0 минути читање

Шпанските медиуми пишуваат дека мечот против Алавес може да биде последен за Чаби Алонсо како тренер на Реал Мадрид.

До вчера се пишуваше дека судбината на Алонсо зависи од мечот на Реал Мадрид против Манчестер Сити, но не беше така. Кралскиот клуб загуби, а Шпанецот остана тренер.

Сега се пишува дека ако Реал Мадрид не го победи Алавес во недела, Алонсо ќе добие отказ.

И покрај поразот, Реал Мадрид одигра добар натпревар, фудбалерите се бореа како на ретко кој претходен меч, па Алонсо може да биде задоволен и да биде оптимист дека може да се почне победничка серија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×