Алисон: Кога ја напуштив Рома, моето срце беше преполно со солзи

by
1 минути читање

Алисон Бекер го
облече дресот на Премиерлигашот, а со тоа се потврдија шпекулациите кои подолг
период се пишуваа на таа тема, тој утревечер со својот тим гостува кај Наполи
на Сан Паоло во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, а во интервју
за Газета дело Спорт се осврна и на трансферот ова лето.

Напуштањето на
Рома беше тешко, плачев подолг период, исто и мојата сопруга, убаво е кога
човек е искрен пред јавноста, донесов професионална одлука, направив чекор
напред во мојата кариера а Рома имаше бенефит од сето тоа
“ издвои Алисон,
Бразилецот кој стана најскапо платен голман во светот за кого Ливерпул
изминатото лето издвои фантастични 72,5 милиони евра, но, тој признава дека
напуштањето на Италија не било тешко.

Одлуката ја
донесов со мојата глава, размислив и на крајот одлучив да заминам во Ливерпул,
но, моето срце беше преполно со солзи. Минав две години во Рим, доста посебни
во мојот живот, мојата ќерка се роди таму, имам многу пријатели, дури и луѓе
кои не се дел од фудбалот
“ вели Бразилецот.

Бев среќен во
Рим, но кога фудбалер одбира каде ќе игра во иднина, морате да ги разгледате
сите опции, имам големи амбиции, исто и Ливерпул, во моментов се натпреварувам
во најсилната лига на светот, Серија А не е толку далеку од Премиерлигата, но е
различна
“ заклучи Алисон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×