Алисон го напуштил Енфилд во инвалидска количка, голманот се огласи по повредата

by
1 минути читање

Бразилецот беше повлечен од игра кон финишот на првиот дел против Норич откако се пожали на повреда на листот на десната нога. Јирген Клоп изјави дека не изгледа добро и најверојатно се работи за нешто посериозно.

Според ЕСПН Бразил, Алисон Бекер го напуштил Енфилд во инвалидска количка бидејќи не можел да гази на ногата.

Голманот се огласи на социјалните мрежи, се заблагодари за поддршката и изрази надеж дека брзо ќе се врати на терените.

„Ви благодарам на сите за пораките! Ќе се вратам што е можно побрзо и посилен!!“ – напиша Алисон Бекер на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×