Алиша Леман знае да привлече внимание и во непровокативно издание (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Швајцарската фудбалска ѕвезда Алиша Леман повторно предизвика огромно внимание на социјалните мрежи. Откако пред неколку недели објави видео од базен во Комо кое стана вирално, сега таа собра преку 80 илјади лајкови со нови фотографии од Октоберфест.

Леман летово потпиша за италијански Комо по една сезона во Јувентус и редовно ја одржува популарноста со објави на Инстаграм каде што ја следат повеќе од 17 милиони луѓе.

Овојпат таа не се појави во провокативно издание туку во традиционална баварска облека заедно со своите соиграчки. На фотографиите може да се види во одлична атмосфера како наздравува со голема кригла пиво и се забавува со останатите присутни. Леман е официјално најследена фудбалерка на светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×