Тешко е да се игра во Англија, постојано притисок од
јавноста, а сигурно така му е и на нашиот интернационалец Езгјан Алиоски, од
редовите на Лидс, кој вечерва на домашен терен го пречекува Шефилд јунајтед во
рамките на 14. коло од Чемпионшиплигата.
Први поведоа гостите уште во 2. минута, а домаќините иако
тешко доаѓаа до противничкиот гол, сепак им успеа да израмнат и тоа со гол во
34. минута.
Бележиме еден лош центаршут на нашиот 25 годишен
репрезентативец во самиот финиш на првите 45 минути, претходните беа неуспешни,
а исто и последниот кој беше далеку понеуспешен од останатите, па заврши високо
на трибините зад голот.
По ова, следеше реакција на Македонецот кој се налути на
самиот себе за оваа грешка која сигурно ќе влезе во нотесот на медиумите на
Островот кои редовно го следат секој негов потег во дресот на Лидс.