Алиоски: За тресењето на тунелите пред натпреварите, за „судирот“ со Јансон… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на Лидс
на девет кола до крајот на актуелната сезона во „Чемпионшип“ дивизијата на
Островот е лидер на табелата, а воедно тимот од „Еланд Роуд“ е на добар пат
конечно по пауза од 18 години повторно да се најде помеѓу елитното друштво во „Премиерлигата“.

Нашиот
репрезентативец и член на Лидс, 28 годишниот Езгјан Алиоски се приклучи во
интеракцијата
на клубот со навивачите во периодот со пандемијата од коронавирусот, па имаше
доста интересни одговори на поставените прашања.

Навивачите на Лидс добро се сеќаваат на „судирот“ помеѓу
Понтус Јансон кој моментално игра за Брендфорд, кога Швеѓанецот тогаш го бакна
Македонецот, а овој му возврати нервозно, меѓутоа самиот Алиоски вели дека тоа
било ситуација која никој не ја разбира.

„Тој ме сака мене, не рече ништо за таа ситуација, ме удри од позади а тоа ме
налути, тоа беше момент кој никој не го разбира
одговори Алиоски низ смеа, а потоа дојде ред на
темата „тресење
на тунели“, што Македонецот често знае да го практикува,
особено на гостински терен.

Кога гостуваме
обезбедувањето е нервозно на сево ова, а кога ќе се изнервираат сето тоа мене
ми се допаѓа, уживам гледајќи ги како стануваат нервозни на ова, меѓутоа кога
ќе ги видам моите соиграчи како се среќни тоа ми се допаѓа
“ вели Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×