358
„Би-Би-Си“ отвори
анкета за своите читатели во однос на селектирањето фудбалери кои би се нашле
во идеалниот тим од групната фаза на Европското првенство.
Иако нашата
најдобра фудбалска репрезентација не успеа да освои ниту еден бод на европскиот
турнир, сепак, имаме и ние фудбалер кој се најде помеѓу најдобрите во изборот
на читателите на престижниот медиум.
Тоа е Езгјан
Алиоски, членот на англиски Лидс, кој со 8,19 заврши како второрангиран по
бројот на бодови во гласањето на читателите по Кевин Де Брујне од Белгија со
8,36.
