Лидс синоќа
ремизираше кај Престон во рамките на 13 коло од второлигашката конкуренција на
Англија, а со тоа падна на второто место на табелата во Чемпионшип дивизијата
со два бода помалку од ВБА.
Во Лидс се
разочарани од бодот, иако за истиот се изборија со гол во завршницата, меѓутоа
од таму имаат забелешки до арбитражата од мечот, забелешки кои често доаѓаат од
тимот од „Еланд Роуд“ кој секоја сезона е блиску до враќање во Премиерлигата по
подолга пауза, но недостасува завршниот дел од сезоната.
Забелешки по
којзнае кој пат пристигнаа и од страна на нашиот Езгјан Алиоски, кој повтори
дека Лидс нема само противнички терен на теренот, туку и противници во судиите,
изјава која може да му донесе и казна на Македонецот.
„Веќе кажав и
претходно, но, ќе повторам, ние се бориме против екипата против која играме, но
и против судиите“ рече Алиоски по мечот алудирајќи на одлуката на главниот
арбитар да не досуди пенал за Лидс од ситуација за која гостите сметаа дека е
за такво нешто.
„Неверојатно е,
но судиите понекогаш не ни помагаат, бидејќи од тоа што го видовме сите, тоа
беше чист пенал“ додаде македонскиот репрезентативец.
„Чудно е
колку тие не ги гледаат чистите ситуации, постојат четири судии на теренот, а
никој не гледа ништо, ние играме со голем интензитет, понекогаш противниците
прават премногу прекршоци за да не сопрат, тие треба да ни помогнат во такви
ситуации“ заклучи Алиоски кој сезонава на 12 настапи успеа да постигне и два
погодока за Лидс.