Алиоски веќе „дебитираше“ за Лидс (ФОТО)

by
2 минути читање

Екипата на Лидс јунајтед одигра тренинг натпревар кој мошне
доцна беше договорен поради проблемите со кои англискиот клуб се соочи со откажувањето на првата контролка на подготовките во Австрија.

Противник беше турскиот Суперлигаш Бурсаспор кој беше
подобар со убедливи 3-0. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се најде
во тимот на Лидс, но оној за второто полувреме, каде настап имаше и шпанскиот
напаѓач Самуел Саиз кој за сума од 3,5 милиони евра ги засили редовите на Лидс
ова лето.

Бурсаспор водеше во првото полувреме со минимална предност,
победата ја потврди со двата гола во вториот дел од мечот.

 

Фото: www.leedsunited.com

Англискиот Чемпионшиплигаш се наоѓа на подготовки во
Австрија, каде е предвидено да одигра и три контролни средби, поточно две
откако првата беше откажана поради тоа што мечот беше категоризиран како „ризичен“од локалните власти во Австрија.

Овој четврток Лидс ќе ги одмери силите со Борусија
Менхенгладбах, додека пак во недела е предвиден дуелот против Еибар. По ова,
следи контролен дуел против Оксфорд но во Англија на терен на Лидс, по што
следат првенствените натпревари, прв на програмата е дуелот против Болтон на
гостински терен на 6. август.

 

Фото-вест: Leeds
United (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани