Алиоски: Сон ми беше да играм во Англија, кога ве бара Лидс, не мора два пати да размислите

by
3 минути читање

Нашиот
репрезентативец и член на Чемпионшиплигашот Лидс
во интервју за швајцарски Блу Вин говореше за неговата кариера, како и англискиот клуб, каде несомнено е прва
ѕвезда на тимот и игра одлично под кормилото на Марсело Биелса.

Тимот од Еланд
Роуд моментално се наоѓа на третото место во Чемпионшиплигата на само бод од
Шефилд јунајтед на позицијата која носи директен пласман во Премиерлигата,
односно пет бода зад лидерот Норвич.

Алиоски игра
значајна улога за Лидс на позицијата лев бек, токму тоа беше неговата природна
позиција до пред неколку години, но, неколку негови импресивни изданија во
офанзивната игра го „преселија“ токму на дел од тие позиции, сепак, Биелса се
одлучи да го врати нешто поназад, и воопшто не згреши во тој потег, а
Македонецот блеска.

Можам да играм
зад крилата, сега играм како лев бек, но, со Биелса вие не сте само лев бек,
исто морате и да напаѓате, тој има доверба во мене, одлично соработувам со
играчите пред мене, се чувствувам удобно на мојата нова позиција а головите и
асистенции сами по себе доаѓаат
“ рече Алиоски кој посочи дека нема никаков
проблем во старо-новата улога добиена од Биелса.

Популарниот Џани
пред две години пристигна на Еланд Роуд, а тимот на Лидс доби многу од
инвестицијата вредна само 2,25 милиони фунти, обештетување кое „легна“ на
сметката на швајцарски Лугано, а таму се уште се зборува за македонскиот
репрезентативец.

Фокусиран сум
целосно на настапите тука, не се грижам за тоа што ќе се случи во иднина, во
Швајцарија имам семејство и пријатели, играв таму долг период, затоа би било
убаво еден ден да се вратам во таа земја
“ додаде 27 годишниот Македонец.

При самото
пристигнување во Лидс знаев за големите амбиции кои ги имаше овој клуб, желбата
број еден е секако – Премиерлигата, тоа е една од причините поради кои го
одбрав овој клуб, сега имаме навистина голема шанса да ја реализираме нашата
голема цел
“ посочи Алиоски.

Лидс секако не
беше единствениот клуб заинтересиран за Алиоски, постоеше голем интерес и од
клубови од Италија и Германија, но, сигурно дека предизвикот на Островот беше
преголем кај Македонецот.

Почувствував
дека Лидс навистина силно ме посакува, тоа беше финалното убедување кај мене, одблизу
го погледнав сево ова заедно со мојот консултант Дино Ламберти и разговаравме
за тоа што би ме одвело некое скалило погоре. Постоеа и други клубови, но, за
мене сон ми беше да играм еден ден во Англија, кога голем клуб како Лидс се
обидува толку силно да ве ангажира, не морате да размислувате два пати, дури и
да игра
само во втората лига од најсилниот фудбалски
шампионат во светот
“ додаде тој
, а на крајот го потенцираше огромниот ентузијазам кај Англичаните за фудбал,
како и љубовта кон тој спорт.

Сее за фудбалот, секој го поддржува својот
омилен клуб, без разлика во која лига настапува, дури и да настапува во петтата
лига, стадионот е исполнет до последното место. Без разлика дали е победа или
пораз, поддршката од навивачите е секогаш тука, тоа е вистина. Преубаво е да
искусите такво нешто, но, желбата кај навивачите за Премиерлигата е секако
голема, клубот дава максимум за влез во таа конкуренција
“ заклучи Алиоски кој
сезонава на 38 натпревари постигна 7 погодоци.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×