„Џани Алиоски е
мошне прилагоден во соблекувалната на Лидс јунајтед, како космополит. Крилото
говори течно италијански и има одлично познавање на англискиот и германскиот
јазик, со повеќето јазици кои ги познава за него е доволно да го скрши мразот
во неговите први денови во клубот“ пишува Фил Хеј во најавата за интервјуто со нашиот интернационалец.
„Размислував,
имав многу опции, повеќе клубови беа заинтересирани за моите услуги, но, Англија
секогаш ми бил сонот, кога слушнав за интересот на Лидс јунајтед, се беше
доволно особено ако ја земам во предвид богатата историја на овој клуб, сонот
кој го имав, полека но сигурно станува реалност бидејќи постојано имав голема
желба да играм во Англија“ вели 25 годишното офанзивно крило.
„Јоркшеревенингпост“
пишува за големиот интерес на швајцарскиот првак Базел, кој бил најголемиот
ривал на Лидс во трката за нашиот репрезентативец. Базел имал за момент и
голема предност, ако се земе во предвид дека има обезбедено директно учество во
Лигата на шампионите, но се чини дека желбата на Алиоски да настапува во
Англија била преголема.
Алиоски го привлече вниманието на повеќе гиганти од Европа, по фантастичната сезона лани.
„Тоа беше мојата
најдобра сезона, кога ќе погледнам назад, постигнав 16 погодоци и 14
асистенции, притоа имав одлични настапи за Македонија. Сите работи се поклопија
на добро, најдоброто што го посакував се оствари. Имав и претходно добри
сезони, но ланската беше дефинитивно најдобра“ додава Алиоски.
Во интервјуто, и
медиумот и нашиот фудбалер издвојуваат за тоа дека реализацијата на трансферот
била доста тешка и на моменти напорна, со оглед на тоа дека долг бил периодот
на сите преговори на обете страни.
Веќе известивме за тоа дека Алиоски имаше и неофицијално деби за Лидс јунајтед, англискиот
Чемпионшиплигаш инаку се наоѓа на подготовки во Австрија, таму одигра и тренинг
натпревар против турскиот Суперлигаш Бурсаспор, каде загуби убедливо со 0-3.
Алиоски за време на подготовките во Австрија
Фото: yorkshireeveningpost.co.uk
Англичаните се
чини дека добро ја простудирале играта на нашиот репрезентативец, па така се
издвои и нешто во однос на неговата брзина, дриблањето и слично.
„Би рекол дека
сум многу брз, луѓето тоа го потврдуваат, тоа го кажуваат… Сакам да дриблам,
ќе се борам во офанзива, но и во одбраната исто така. Како би можел тоа да го
постигнам? Многу лесно, јас сум физички подготвено момче“ вели Алиоски.
Последното доаѓа
по фактот што фудбалот во Англија е далеку побрз и бара максимална физичка
подготвеност, па на тоа Алиоски вели дека Чемпионшип лигата е далеку потешка во
однос на Премиерлигата, не бидејќи фудбалерите се подобри и поквалитетни, туку
бидејќи сите екипи имаат солидно ниво на квалитет.
„Можеш да загубиш
од последниот тим на табелата, или пак да го победиш првопласираниот, тоа се
случува постојано…“ додава нашиот фудбалер.
Познавањето на
повеќе јазици за Алиоски значи многу полесна адаптација во тимот, тој вели дека
убаво е што го познава англискиот, италијанскиот и германскиот јазик, тоа му ги
олеснува сите работи во клубот, посебно комуникацијата во соблекувалната и на
теренот секако.
За претстојната
нова сезона, Лидс се засили со неколку исклучително квалитетни фудбалери,
покрај Алиоски, клубот засега ова лето потроши околу 10 милиони фунти, од кои
најскапото засилување дојде од Торино, 26 годишниот шведски дефанзивец Понтус
Џонсон (3.23 милиони фунти), вреди да се издвои и шпанскиот напаѓач Саму Сиаз, 26 годишниот фудбалер
кој за сума од 2.98 милиони фунти дојде во Лидс, и тоа со голема помош на
фановите на славниот англиски клуб.
Извор/Фото-вест
: yorkshireeveningpost.co.uk