Пред Македонија се два натпревари од новата сезона во Лигата на нации, прво играме со Ерменија на 5. септември, а три дена подоцна гостуваме кај Грузија. За еден месец доаѓа и мечот против Косово, тоа е полуфиналето од минатогодишната Лига на нации, меч кој може да не однесе на чекор до пласман на Европското првенство.
„Се вративме дома, тренираме веднаш на овој стадион на кој креираме историја и допрва треба да креираме, бидејќи ако не отидеме на Европско првенство може само да зборуваме дека сме играле тука добро на некои натпревари“, вели Алиоски.
„Имаме уште два натпревари пред да дојде Косово, имаме добра група, очекувам да ги победиме двата меча. Против Ерменија имаме шанса за реванш и да покажеме дека сме подобри од нив, после одиме кај Грузија, а против нив може да играме и финале за Европско. Ова е одличен тест да видиме како ќе играме со нив“.
„Не знам во каква форма сум, бидејќи немам натпревари, доаѓам од пауза. Но мотивиран сум, освоивме Чемпионшип со Лидс, а во последните две недели максимално тренирав со тимот. Го давав максимумот на тренинзите и мислам дека сум подготвен за овие натпревари“.