Швајцарските и англиските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор за трансфер на Езгијан Алиоски во Лидс.
Македонскиот фудбалер наскоро треба да пристигне на Иланд Роуд, да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договор со Лидс.
Информациите велат дека нашиот фудбалер одбил понуди од тимови од Бундеслигата и Серија А за да се пресели во Лидс кој веќе подолго време се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Сопственикот на клубот, Андреа Радрицани сака да го врати Лидс во Премиерлигата и создава сериозен проект со кои уште во идната сезона би се бореле за место во елитата.
Како показател за неговата сериозност денешното комплетирање на договорот Лидс да ја врати сопственоста на стадионот Иланд Роуд за сума од 20 милиони фунти. Тие не беа сопственици на стадионот од 2004 година кога мораа да го продадат поради финансиски тешкотии.