Алиоски се повреди, Скај Бет со голем гест до своите обложувачи поради Македонецот (ФОТО)

by
1 минути читање

Лидс денеска
гостува кај Брентфорд во редовното коло од англиската Чемпионшиплига, иако за
домаќините овој меч нема никакво резултатско значење во завршницата од
актуелната сезона, сепак тие му нанесоа нова главоболка на тимот од Еланд Роуд
и први дојдоа до водство.

Сепак,
разочарувањето кај Марсело Биелса дојде нешто порано од водечкиот гол за
домаќините, откако нашиот Езгјан Алиоски се здоби со повреда и уште во 12.
минута беше повлечен од игра.

Ова е секако
голем хендикеп за Лидс кој по последниот пораз пред своја публика од Виган, би
донел ново разочарување за своите навивачи кои очајно посакуваат враќање во
елитната Премиерлига, шанси за тоа има, но една е веќе прокоцкана, а другата е
на пат.

Интересен гест имаше
Скај Бет, откако објави дека обложувачите кои типувале на Алиоски по одредени
категории нема потреба да се разочаруваат од повредата на Македонецот, нивните
влогови ќе бидат рефундирани.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

That's pic.twitter.com/Mi74JCNDJS

Можно е и ова да ти се допаѓа

×