Алиоски погоди во убедливата победа на Лидс против Стоук (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лидс е лидер во
Чемпионшип дивизијата на Англија откако во петтото коло од тој шампионат успеа
со убедлива победа да се врати од гостувањето кај Стоук, каде славеше со 0-3, а
еден од главните креатори во победата на Лидс беше токму нашиот Езгјан Алиоски.

Популарниот „Џани“
погоди во 50. минута со што го дуплираше водството на Лидс, кој до крајот на
пресметката постигна уште еден гол со што ја круниса одличната игра со убедлив
триумф во оваа пресметка.

class="twitter-tweet" data-lang="en">


pic.twitter.com/oKpOSCoz0g

За Алиоски ова е
прв погодок во неговите досегашни четири настапи за Лидс во новата сезона од
Чемпионшип дивизијата на Англија, а што се однесува до неговото денешно
издание, тој ги одигра сите 90 минути во таборот на гостинската екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×