Езгјан Алиоски
игра во одлична форма а неговиот Лидс е водечки тим на табелата во англиската
Чемпионшиплига по пет одиграни кола, со четири победи и едно реми засега.
Македонецот
изминатиот викенд го постигна вториот гол сезонава и тоа во победата од 0-3 на
гостувањето кај Свонси, со што даде најдобар одговор на неговиот тренер Марсело
Биелса кој во претходното коло во ремито кај Свонси од 2-2 го извади по само
едно полувреме игра.
Алиоски објасни
зошто Лидс игра многу подобро во однос на ланската сезона, а за главен „виновник“
го посочи токму Биелса кој според него внесол друг менталитет и филозофија во
екипата.
„Тоа што го
работиме на тренинзите, тоа можеме да го направиме и на натпреварите, убаво е
да се игра на теренот кога си среќен, играме преубав фудбал“ рече Македонецот
во изјава за официјалниот сајт на клубот.
„Ние сме истиот
состав како од ланската сезона, немаше многу промени во стартните 11 а тренерот
донесе друг менталитет во тимот и филозофија“ додаде популарниот Џани.
26 годишниот
офанзивец истакна дека тренинзите на тимот од Еланд Роуд се навистина напорни,
но вели за да се биде успешен потребна е напорна работа.
„Тренинзите кои
ги одработуваме се навистина тешки, но, за да се биде успешен, ние мораме да
работиме напорно и тоа е промената која ја направивме засега“ заврши
македонскиот репрезентативец.