Алиоски на мета на швајцарските медиуми по поразот на Лугано

by
1 минути читање

Екипата на Лугано се бори за излез во Европа, па така секој освоен бод во самиот финиш на првенството е драгоцен.

Тимот на нашиот интернационалец Езгјан Алиоски загуби кај еден од трите директни ривали за двете места кои водат во Лига Европа, Сион беше подобар на домашен терен со 2-0.

Па тамошните медиуми прстот го вперија кон вториот стрелец во лигата, токму нашиот фудбалер.

„Најдобриот стрелец на Лугано, Алиоски во тимот кој потфрли во 32. коло“ – гласи насловот на реномираниот весник „Блих“.

Очекувањата од него се огромни, посебно поради фактот што нашиот репрезентативец игра во животна форма и има олдична сезона зад себе во дресот на Лугано, а со своите игри го привлече вниманието на неколку европски екипи.

Остануваат уште четири кола до крајот на најсилната лига во Швајцарија, освен што ќе се обиде да му помогне на својот тим за излез во Европа, Алиоски ќе се бори и за првото место на листата на стрелци во лигата, моментално со 16 погодоци е втор, со два гола помалку од првиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани